Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот

Од:

Американскиот бизнис магазин Форбсја објави листата на сто најмоќни жени во светот за 2018 година, а на прво место, осма година по ред, е германската канцеларка Ангела Меркел.

Форбс во образложението наведува дека иднината на Меркел е неизвесна поради тоа што нема да се кандидира на изборите во 2021 година, но оти неоспорно е влијанието што го има како лидерка на Христијанскодемократската унија (ЦДУ) од 2000 година и како канцеларка од 2005 година.

На второ место е британската премиерка Тереза Меј, која во последните две години е на насловните страници поради обидот да ги спаси преговорите со Европска унија за Брегзит.

Трета највлијателна жена за годинава е директорката на Меѓународниот мометарен фонд, Кристин Лаград, која минатата година беше на осмото место на листата на Форбс.

На петто место е британската кралица Елизабета Втора, на шесто советничката во Белата куќа, Иванка Трамп.

На листата на Форбс за најмоќни жени во политиката хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е на 13. место е, додека српската премиерка Ана Брнабиќ е на 21 место.

На 17 место е високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Објавена просечната плата во Германија за 2025 година