Меркел: Околу 3.000 мигранти се враќаат секој месец од Германија во татковината

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека по околу 3.000 ирачки мигранти се враќаат во своите држави од Германија секој месец и тој број расте.

– Сега по околу 3.000 луѓе се враќаат во Ирак секој месец по ослободувањето на нивните градови од Исламска држава и таа цифра расте, изјави Меркел на митинг во провинцијата Баден-Вуртемберг, една од трите каде в недела ќе се одржат регионални избори.

Меркел е соочена со проверка на популарсноста во изборите, први по бегалската криза од минатото лето. Таа додаде дека е важно да се обезбеди стабилност и да се стави крај на војната во Сирија и во Ирак.

Германската канцеларка веќе наведе дека бројот на мигрантите ќе се намали.

– Нема да остане тука секој бегалец, нагласи таа. Според неа, мировните преговори за Сирија се важни за да се врати надеж за враќање на луѓето во својата татковина.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке