Меркел: Неверојатна е храброста и одлучноста на мирните демонстранти во Белорусија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска остро ја искритикува Белорусија, изјавувајќи дека во неа се погазува залагањето за демократија.

Меркел смета дека е неверојатна храброста и одлучноста на мирните демонстранти во оваа земја.

Во својата редовна неделна видео порака, Меркел се осврна и на Меѓународниот ден на демократијата, што ќе се слави во вторник, и ги повика граѓаните секојдневно да бидат свесни за постигнувањата на демократијата.

Таа оцени дека демократијата, за жал, не е нешто што се подразбира насекаде низ светот.

-Авторитарните системи, исто така, можат да бидат економски успешни, но на штета на основните основни права. Тоа не е нашиот европски пат, истакна Меркел.

Таа, исто така, порача дека многумина ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот ги сметаат за товар врз демократијата и додаде дека разбира одредени критичари.

Таа истакна дека сите во Германија можат да ги критикуваат одлуките на владата и да ги изразат на мирни демонстрации, потсетувајќи дека владеењето на правото е високо.

-Меѓутоа, широко дискутираните мерки делуваа и остануваат важни, подвлече Меркел, додавајќи дека фактот дека огромното мнозинство граѓани ги применуваат мерки за заштита на послабите е израз на единство, со што таа е посебно горда.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Меркел: Трамп е фасциниран од неконтролираната моќ на Путин и Ким Јонг Ун

А1он

Меркел: Не плашете се од Трамп

А1он