Меркел: Нема законски ограничувања за прифат на бегалците

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска изјави дека нема законски ограничувања за бројот на луѓето кои бегаат пред политички прогон и бараат засолниште во нејзината земја, пренесе Фена.

Таа, исто така, повторно јасно порача дека луѓето кои немаат право да добијат азил, ќе мора итно да се вратат во своите земји.

Германија забележа повеќе пристигнувања на мигранти од било која друга европска земја и само годинава се очекува да дојдат 800.000.

Во интервју за дневниот весник „Рајнише Пост“ таа не можеше да даде точна бројка колку бегалци годишно Германија може да вдоми.

– Темелното право на азил од политичкиот прогон не познава горна граница. Тоа, исто така, важи и за бегалците кои побегнаа кај нас од пеколот на граѓанската војна, изјави Меркел.

Таа, меѓутоа, исто така, нагласи дека и луѓе од „безбедните“ балкански земји доаѓаат во Германија и кажа дека тие мораат брзо да бидат вратени во своите домови доколку немаат основа за добивање азил.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски