Меркел: Не се планираат нови еконоимски санкции кон Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не се планираат натамошни економски санкции кон Русија поради Украина, изразувајќи притоа неадоволство од непочитувањето на прекинот на огнот во источна Украина.

– Не сме задоволни со спроведувањето на договорот од Минск, бидејќи големи делови од него не се применуваат, изјави Меркел и додаде дека се занемаруваат прекинот на огнот и почитувањето на украинските граници.

Таа најави дека за овие теми ќе разговара со украинскиот претседател Петро Порошенко и со рускиот претседател Владимир Путин.

Меркел, исто така, информира дека списокот на луѓе на кои им е забрането патување во ЕУ ќе биде проширен со новоизбраните претставници на сепаратистите во источна Украина.

– Во моментов не се планираат понатамошни економски санкции. Во моментов сме фокусирани на зимата и хуманитарната ситуација и како да постигнеме прекин на огнот, изјави Меркел.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски