Меркел: Не гледам воено решение за конфликтот со Соверна Кореја

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е противник на употребата на каква било сила во решавањето на судирот со Северна Кореја, а тоа го порача откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека војската на САД е „подготвена“, доколку Северна Кореја „постапи неразумно“.

– Не гледам воено решение за овој судир, туку пред се доследна работа, каква што забележавме во Советот за безбедност на ОН, нагласи Меркел.

– Но, вербалната ескалација ја сметам за погрешен одговор, истакна германската канцеларка, во одговор на прашањето за најновите твитови на Трамп во врска со Северна Кореја.

Таа повика на „многу блиска соработка“, со цел да се намалат тензиите во регионот, „особено соработка на САД и Кина, но и меѓу Јужна Кореја и Јапонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски