Меркел наложила оганичување на безбедносната соработка со служби на САД

Од:

Кабинетот на германскиот канцелар Ангела Меркел побара од германските разузнавачки служби ограничување на најнужна мерка во соработка со американските партнерски служби, објави „Билд“ повикувајќи се на извори во безбедносните служби.

Таа мерка ќе важи „до следна наредба“ и се однесува на сите кооперации кои не погодуваат непосредни сигурносни интереси на Германија како безбедност на германски војници во Авганистан и други странски воени мисии или одбрана од тероризам.

Владата во Берлин го зголемува притисокот врз САД како реакција на американската шпионска афера во Гермнаија, објавува „Шпигел“.

Германската Влада вчера откако дознале дека службеник во МО исто така шпионирал за САД, побарала дипломатско решение – контакт агентот на ЦИА во Берлин да ја напушти Гермнаија, што се случува за првпат во повоената историја на државата да се побара напуштање на територијата на американски претставник.

Американско-германските односи заради шпионирањето се во криза, оценуваат аналитичари, а засега од американската Влда нема коментари. Германското државно обвинителство води истрага против еден агент на германската Сојузна разузнавачка служба и против еден службеник во германското МО кои се осомничени дека шпионирале во корист на САД.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ