Меркел: Можни се нови санкции против Русија поради Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека земјите од НАТО сакаат политичко решение на украинската криза и се подготвени да разговараат со Русија, но предупреди дека е можно воведување нови санкции за зголемување на притисокот кон Москва.

– Подготвени сме да дадеме тежина на политичките барања со наметнување нови санкции. Пораката е дека сакаме политичко решение. Ние и особено украинскиотпретседател сме подготвени да разговараме за тоа со Русија, изјави Меркел на Самитот на НАТО во Велс.

Прашањето за воведување дополнителни санкции против Русија ќе се разговара денеска на седница на постојаните претставници на земјите од ЕУ во Брисел, пренесува ИТАР-ТАСС.

Меркел нагласи дека Западот треба да дејстува решително кон Русија, но истовремено да остави отворена врата за дијалог со Москва. Германската канцелрака се изјасни проти членството на Украина во НАТО, истовремено истакнувајќи ја потребата од поинтенизвна соработка со Киев.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“