Меркел: Мора да запре злоупотребата на бенифиции од имигрантите во ЕУ

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека злоупотребата на социјалните бенифиции од имигрантите од земјите на ЕУ „мора да биде запрена“.

Во текот на кусиот престој во Лондон, Меркел ги подржа заложбите на британскиот премиер Дејвид Камерон за реформирање на системот на социјалните бенифиции, но остана категорично на ставот против менувањето на принципот за слободно движење на работаната сила низ земјите на ЕУ.

Во текот на последниот британско-германски самит одново се покажаа разликите меѓу Берлин и Лондон околу барањето на Велика Британија за „позначајно реформирање“ на ЕУ, на што инсистираат евроскептиците во Конзервативната партија на Камерон.

Евроскептиците во британската владејачка партија бараат од својот лидер „остар курс“ кон ЕУ, преуредување на спогодбите на Унијата и враќање на овластувањата што му се префрлени на Брисел.

Од германска страна уште еднаш е порачано дека нема да има согласност за поништување на основните принципи на кои се темели создавањето на ЕУ, а тоа се правата за слободно движење на лугето и на работната сила низ земјите-членки. Берлин, сепак, сега прифаќа реформирање на социјалниот систем на Унијата, за што нуди и заедничко работење со официјален Лондон.

Германската влада веќе и самата имаше проблеми со злоупотребата на социјалните фондови, што британските конзервативци го означуваат како „социјален туризам“. Еден таков случај Берлин успеа да го добие пред Европскиот суд за човекови права, па се верува дека затоа и ја измени својата позиција и сега се согласува заеднички со Лондон и другите да се менуваат работите во социјалниот сектор.

Промената може да е прифатена и за да се засили позицијата на Камерон кај британската евискептична јавност, која дејствува според принципот – ако не се добие она што се бара, тогаш ЕУ не е потребна, и отворено заговара истапување од Унијата.

Според медиумите во Берлин и Лондон, изгледа дека и Камерон се обидува да биде попрагматичен од порано, па на Меркил и рекол дека тој прифаќа останување на принципот за слободно движење на луѓето низ Унијата, а дека целата енергија сега ја насочил кон социјалните бенифиции.

Камерон сака имигрантите од ЕУ прво да обезбедат работа, па потоа да дојдат во Велика Британија, да чекаат четири години пред да аплицираат за социјални бенифиции и да не може тие да се испраќаат за нивните деца во странство. Тој заговара наново преговори со Брисел, пред референдумот за останување или истапување од Унијата, што го планира до крајот на 2017 година, доколку победи на изборите во мај.

Германскиот канцелар и натаму инсистира дека Велика Британија треба да остане дел од ЕУ, но засега не е јасно колку далеку Ангела Меркел е подготвена да оди, кога станува збор за „новите преговори“ на Лондон со Брисел.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски