Германската канцелрка Ангела Меркел изјави дека не очекува лидерите на ЕУ уште денеска да го решат распределувањето на клучните позиции на средбата на врвот, која започнува вечерва, јави ИТАР ТАСС.
– Сега е можно да се одржи само првична дискусија и денеска нема да се носат одлуки. Ја поддржувам идејата детално да ги разјасниме останатите отворени прашања. Не мислам дека тоа може да се случи денеска, рече таа.
Финскиот премиер Александар Стуб изјави дека треба да се најде соодветен биланс во пакетот од номинации и треба да се земат предвид и политичките и географските фактори.