Меркел ќе го „минира“ Самитот на ЕУ за да го избегне вето

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел намерно ќе го „минира“ Самитот на Европската унија посветен на буџетот на ЕУ, за следните седум години, за да го избегне најавеното вето на британскиот премиер Дејвид Камерон, објави „Дејли телеграф“, повикувајќи се на извори во Берлин.

Весникот кој важи за близок на британските конзервативци, пишува дека Меркел е „фрустрирана“ од односот на Камерон кон преговорите што се водат во рамките на ЕУ, па дека најавениот „драматичен гест“ на германскиот канцелар е одговор на „растечката нефлексибилност“ на британскиот премиер кон ЕУ.

Камерон во петокот, непосредно по завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел се закани дека ќе го блокира донесувањето на европскиот буџет, доколку Европската комисија не ги намали трошоците во работењето и не почне со рационално трошење на парите од заедничката каса.

Според британскиот премиер околу 4.000 луѓе во ЕК имаат годишна плата од по 100.000 евра, што за официјален Лондон е „неприфатливо“.

– Во услови кога целата ЕУ се соочува со криза, економска стагнација и финансиски проблеми, поради што се кратат домашните буџети, мора иститата политика да важи и за Унијата и посебно за Европската комисија, истакна во Брисел премиерот Камерон.

Според неговото објаснување, тоа е мотивот за заканата со вето на буџетот и барањето упатено кон ЕК да почне со подомаќинско работење.

Во Брисел со неприфајќање беше примена ваквата реакција на Камерон, инсистирајќи дека неговиот гест е повеќе насочен за домашните потреби на неговата партија, каде е главнината на британскиот евроскептицизам.

Лондонските медиуми денеска објавија и за притисокот што го прави Берлин за промена на однесувањето на Британците кон европските работи и за неставање вето на буџетот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски