Меркел ја откажа посетата на Тунис. Стравува за безбедноста

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја откажа својата посета на Тунис, предвидена за почетокот на октомври, објави еден од нејзините советници. Германските медиуми објавуваат како зад откажувањето на посетата е стравот за безбедноста на првата дама на Германија, поради нередите во регионот предизвикани од американскиот антиисламски филм. Портпаролот Стефан Сеиферт изјави дека посетата е откажана во договор со туниската влада. Одби да каже кои се причините, но Финаншал Тајмс Дојчланд објавува дека во прв план е стравувањето за нејзината безбедност.

Канцеларката вчеравечер на собир со нејзините странски колеги зборуваше за големата германска муслиманска заедница. „Во Германија живеат повеќе од три милиони муслимани и исламот стана “дел од нас“ – изјавила Меркел.

„Големиот дел до муслиманите во Германија се дистанцираа од таквите постапки“ – рече Меркле реферирајќи за насилствата кои ги предизвика филмот „Невиност на муслиманите“. Во немирите во Судан, настрада и германската амбасада. Германската влада го критикуваше филмот како груб напад на исламот, а министерот за надворешни работи Гвидо Вестервел го нарече “говор на омраза“. Германските власти се погласно размислуваат да се воведе забрана за емитување на филмот во Германија.

 

Би можело да ве интересира

Црногорец уапсен во Германија за шверц на кокаин

(ВИДЕО) Олаф Шолц исвиркан: „Лажго, бандит“

Ана Ололовска

Германија: Тинејџер прогласен за мозочно мртов по фудбалска тепачка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Турците во Германија ја славеа победата на Ердоган

Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Брат и сестра осомничени дека со другари го организирале убиството на нивниот татко

Горан Наумовски