Меркел исвиркана при нејзината посета на бегалскиот центар во Хајденау

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел беше исвиркана и нарекувана предавничка од демонстранти, при нејзината посета на бегалскиот центар во градот Хајденау, провинција Саксонија.

Протестот пред бегалскиот камп во Хајденау беа органзиирани од ултрадесничарските групи.

Кога Меркел пристигна околу 150 демонстранти почнаа да скандираат „Предавничка“ и „Ние сме глутница“, бидејќи член на Владата така ја нарече крајната десница во Хајденау. Протестите за време на викендот во Хајденау прераснаа во судири со полицијата.

– Германија нема да дозволи никаква толеранција кон агресијата на ултрадесничарските групи. Нема да има никаква толеранциј кон оние, кои го поставуваат под знак прашалник достоинството на другите, посочи Меркел, додавајќи оти нападите врз бегалците се срамни.

Во исто време германскиот претседател Јоахим Гаук го посети Центарот за прием на кандидати за азил во берлинскиот кварт Вилмерсдорф.

Гаук ги пофали студентите, лекарите и доброволците кои им помагаат на мигрантите во цела Германија, а ги осуди ултрадесничарските екстремисти, кои и наштетуваат на имиџот на земјата.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски