Меркел: Исламска држава врбува илјадници приврзаници во земјите од Г-20

Од:

Групата Исламска држава (ИД) врбува илјадници џихадисти во земјите од групата  20 најразвиени земји, предупреди денеска германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од француските медиуми.

Радикалната група, која контролира големи региони од Сирија и Ирак, е една од најголемите закани, што некогаш постоеле за локалното население, па дури и за цели држави, изјави Меркел во говорот во германскиот Бундестаг.

– ИД привлекува илјадници странски борци, кои се дојдени од сите земји на Г-20, било тоа да е од јужната хемисфера или од Европа.

Нивната комплетна листа на киднапирања и волја да убиваат се закана за нашата безбедност, изјави Меркел 10 дена по самитот на Г-20 во Бризбејн.

Според проценката на Германија, 550 нејзини државјани се приклучиле
кон џихадистите во Ирак и Сирија. Околу 60 од нив загинале во борбите или самоубиствени атентати, а 180 се вратиле во земјата.

Германските власти им испорачаа оружје и муниција на курдските борци во северен Ирак за да им помогнат во напорите за одбивање на нападите на ИД, но засега одбиваат директно да се вклучат во борбените операции на коалицијата, предводена од САД, против екстремистите

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите