Меркел инсистира Путин да им се придружи на западните лидери на церемонијата во Нормандија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека својот одлучен став против руската анексија на Крим во еден дел го зазела и заради лекцијата од двете светски војни, но додаде дека од витално значење е да се разговара со Москва.

Обраќајќи им се на студентите по повод отворање на изложба за Првата светска војна, Меркел изјави дека нејзиното инсистирање рускиот претседател Владимир Путин да им се придружи на западните лидери во Нормандија на 6 јуни, на церемонијата на одбележување на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците, има за цел да се избегнат грешките од минатото.

– Постојат моменти кога немате желба веќе да разговарате, како што е сега со Русија, рече Меркел која зборува руски и редовно со Путин разговара телефонски. – Јас постојано се присилувам на разговар, додаде таа.

Меркел изјави дека руската анексија на Крим е неприфатлив потег бидејќи го наруши повоениот европски поредок, дури и ако 54 отсто од Германците изразија разбирање за анексијата, според анкетата што беше спроведена во март.

Територијалниот интегритет е камен темелник на нашиот повоен европски поредок. Ако очнете да зборувате работи ако „тоа е мое право“ и тогаш преземете нешто што ќе се заврши со неверојатна несреќа, тоа не оди, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ