Меркел: Иднината на 27-те земји од ЕУ е приоритет во преговорите за Брегзит

Од:

Германија и другите земји од ЕУ ќе ги водат преговорите за излегување на Велика Британија од Унијата во атмосфера на пријателство, но сепак, приоритет ќе биде зачувување на единството на преостанатите 27 членки на Унијата, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Ние, се разбира, ќе преговараме во атмосфера на пријателство, секогаш кога тоа е можно, рече Меркел. – Но она што треба да го направиме е 27-те земји од ЕУ да се погрижат за својата иднина. Би било фатално ако од вид ги изгубиме иднината и единството на 27-те од ЕУ на сметка на одржување фер преговори со Велика Британија.”

Меркел изјави дека преговорите за Брегзит не се „листа на желби”.

– Одлуката за напуштање ја донесоа Британците, потенцираше Меркел.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО