Меркел и високи функционери на ЕУ допатувале во Турција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и високи функционери на Европската унија допатуваа денеска во градот Газиантеп во близина на границата на Турција со Сирија во обидот да дадат поттик за примена на спогодбата меѓу ЕУ и Анкара за решавање на бегалската криза.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги пречека Меркел, претседателот на Советот на ЕУ Доналд Туск и потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс на аеродромот во Газиантеп.

Безбедноста е на високо ниво, а делегацијата ја напушти пистата со двајца стрелци, кои стоеа на покривот на возилото.

Како што е планирано делегацијата оттаму ќе замине во бегалскиот камп во Низипу, во близина на границата со Сирија, каде како што се очекува ќе разговараат со некои од петте илјади бегалци.

Предвидено е делегацијата да го посети и детскиот центар, кој ја финансира ЕУ, во кој сириските деца можат да си играат и да добијат психолошка поддршка.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке