Меркел и Макрон: Нема нов договор за Брегзит

Од:

Францускиот претседател Емануeл Мaкрон изјави денеска во Париз дека на Велика Британија и треба причина за да го одложи планираното излегување од ЕУ на 29 март.

Макрон на заедничката прес- конференција со германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека за отфрлањето на договорот не може повторно да се разговара.

Тој вели дека секое барање за одложување треба да биде оправдано „со јасна перспектива за целта“.

-Не ни треба време, потребни ни се одлуки, рече Макрон.

Канцеларката Меркел изјави дека Германија и Франција целосно се согласуваат дека веќе договорениот договор не може да се менува.

-Доколку на Британците им треба уште време, нема тоа да го одбиеме, но тежнееме кон уредно решение, односно уредено повлекување на Британците од ЕУ, рече Меркел.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето