Неформалниот самит на ЕУ за политиката за Кина, закажан за 26 ноември во Берлин, е откажан поради пандемијата, изјави германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на шефовите на држави и влади на Европската унија во Брисел.
– Денеска, во екот на пандемијата, јасно ставив до знаење дека, за жал, нема да можеме да го одржиме неформалниот самит што го планиравме за ноември и ќе мора да се откажеме од него, рече Меркел.
Германија, која во моментов претседава со ЕУ, го свика состанокот, бидејќи 27-те земји-членки се борат да се обединат зад посилен став кон Пекинг, со зголемена загриженост за кршење на човековите права и нелојалната трговија.
Берлин е особено подготвен да склучи договор за инвестиции меѓу ЕУ и Кина до крајот на годината, а самитот ќе помогне во обединувањето на европската позиција. Кина вели дека оваа година може да се преговара за договор, но официјални претставници на ЕУ инсистираат на тоа дека нема да прифатат неповолни услови само за да се завршат преговорите.