Меркел го доби највисокото германско државно признание

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска и додели на поранешната канцеларка Ангела Меркел Големиот крст за заслуги, највисоката државна награда во Германија, додека во исто време, нејзиното политичко наследство се повеќе се критикува и оспорува.

Така, коментаторот на ДВ Албрехт фон Луке оцени дека времето што Меркел го помина како канцелар претставува „16 изгубени години“.

Според него, е „сосема прерано“ да му се додели ваква награда на поранешниот канцелар бидејќи, како што истакнува, се уште не е јасно што е заслуга, а што неуспех.

Други ѝ даваат заслуга затоа што, според нивното мислење, таа успешно ги бранеше интересите на Германија и на Европската унија во период на огромни пресврти.

„Таа успеа да ја задржи Европската унија заедно и да ја зајакне во бурни времиња“, вели за ДВ Лукас Шрам, политиколог од Универзитетот во Минхен, кој наведува дека европските шефови на држави и влади неодамна изјавија дека авторитетот на Ангела Меркел е недостасува на самитите на Европскиот совет.

Во периодот додека Меркел ја извршуваше функцијата канцелар, Европската унија се соочи со банкарската, должничката и бегалската криза, Брегзит и негативниот став на САД за време на мандатот на Доналд Трамп, пишува ДВ.

Меѓутоа, за време на нејзиниот мандат, Германија не успеа да ги постигне целите за намалување на емисиите на стакленички гасови, истакнуваат критичарите. Тие ја обвинуваат и дека е премногу мека кон Русија, додека зголемената енергетска зависност на Германија од Русија за време на нејзиниот мандат сега се толкува како грешка.

Според ДВ, дебатата за наследството на Ангела Меркел ни оддалеку не е завршена и ќе има влијание од претстојните настани.

Би можело да ве интересира

Бајден ги измеша Ангела Меркел и Хелмут Кол кој почина во 2017 година

Катерина Ѓуровски

Пропаднатиот план на Меркел: Немав доволно моќ да го спречам Путин

Меркел предупредена дека премногу троши и дека има премногу вработени

Меркел: Не жалам за енергетската политика со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Меркел: Заканите на Путин треба да се сфаќаат сериозно

Матео Ренци ја предлага Ангела Меркел за посредник со Русија