Mеркел ги повика Германците на обединетост околу бегалската криза

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Германците да го вратат духот присутен за време на обединувањето на земјата во 1990 година, за полесно да се изборат со предизвикот за интегрирање на стотина илјади бегалци и мигранти.

– Германското единство беше многу посебно, рече Меркел во своето неделно обраќање до јавноста, а во пресрет на 25-годишнината на обединувањето на Германија на 3 октомври.

Иако призна дека прифаќањето бран бегалци и соочување со задачата за повторно обединување на две многу различни работи, германската канцеларка истакна дека интегрирањето на луѓето кои бегаат пред војната и сиромаштијата бара сличен напор од целото германско општество.

Германија е најпожелна дестинација за стотици илјади бегалци кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток и Африка, и пристигнуваат во Европа.

Се очекува во Германија само оваа година да пристигнат дури милион луѓе, што е голем пораст во однос на бројот од 200.000 бегалци и мигранти, колку што пристигнаа во изминатата година.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски