Меркел ги повика Германците да не патуваат во земјите со висок ризик за Ковид-19

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика граѓаните на земјата да не патуваат во земји и региони каде постои голем ризик од зараза со коронавирусот.

– Се покажа дека несразмерно висок број на патници кои се враќаат (од подрачја со висок ризик) се тестирани позитивни, рече Меркел по средбата со регионалните министри посветена на новите рестриктивни мерки.

Нов дигитален систем од октомври ќе го замени предавањето на документи во форма на хартија на летовите, со цел подобро да се следи движењето на повратниците и да се следи дали тие ги почитуваат обврските за карантин.

Оние кои не ги почитуваат правилата, се соочуваат со големи парични казни.

Меркел додаде дека задолжителното тестирање на аеродромите ќе продолжи, но додаде дека може да се скрати периодот од 14 дена карантин, доколку се обезбеди негативен тест, пет дена по слетувањето.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он