Меркел: Германија сака силна Франција

Од:

Канцеларката Ангела Меркел вели дека Германија сака силна Франција и изрази надеж дека властите во Париз ќе успеат во реформите.

Меркел истакна дека е многу важно двете најзначајни членки на ЕУ и еврозоната  да се обидат меѓусебно да се разберат.

„Работиме заедно на подобрување на конкуренцијата“, додаде германската канцеларка и напомена дека не постојат несогласувања во француско-германските односи, за кои се пишува во германските весници последните денови.

„Не очекувате веројатно да ја коментирам политиката на француската влада. Секако дека секој следи што се случува во секоја земја. Работиме заедно на подобрување во конкурентноста во Европа“, повтори Меркел.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски