Меркел: Европа ја има судбината во свои раце

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел бара од своите европски партнери да искажат солидарност при решавање на предизвиците со кои се соочува.

Првиот човек на најмоќната европска држава и најсилна економија пред самитот на лидерите на земјите членки на Европската Унија во Ла Валета на Малта изјави дека Европа сама ќе одлучува за својата судбина, јавуваат светските агенции. Меркел од своите европски партнери бара сите да работат заедно за да се дефинира улогата на ЕУ глобално и да се надминат пречките во евроатлантските односи.

– Европа ја има судбината во свои раце. Колку повеќе сме на чисто како ја дефинираме својата улога во светот толку подобро исто така ќе се грижиме за нашите евроатлански односи, изјави канцеларката Меркел, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Една од главните теми на самитот на ЕУ во Ла Валета е решението за бранот бегалци кои од Африка преку Италија пристигнуваат во Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ