Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека Европа одлучи да го поддржи нуклеарниот договор со Иран и да се обиде да најде решение за да спречи натамошна ескалација.
– Чекор по чекор ние ќе продолжиме да се обидуваме да најдеме решение со Иран за да спречиме ескалација на тензиите во тој глобално чувствителен регион, рече Меркел во Долниот дом на Парламентот.
Зборувајќи за Либија, канцеларката предупреди дека ситуацијата во таа северноафриканска земја се заканува да го дестабилизира целиот африкански континент.
– Ситуацијата во Либија се развива на начин кој може да има слични димензии како во Сирија. За нас е императив да сториме сè што можеме за тоа да не ескалира во војна, рече Мерке