Меркел: ЕУ губи силен и важен играч со напуштањето на Британија

Од:

Германија ќе направи напори за време на преговорите за Брегзит да се гарантира дека излезот на Велика Британија од ЕУ ќе има што е можно најмал ефект врз секојдневието на граѓаните од Унијата, кои живеат во Британија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа изрази надеж дека Велика Британија и ЕУ ќе останат блиски партнери.

Меркел истакна дека преговорите за разделба меѓу Лондон и Брисел треба да се фокусираат прво врз условите за напуштање, а дури потоа да се разговара за идните односи. Канцеларката нагласи дека европските земји ќе преговараат со Британија на чесен и конструктивен начин.

Меркел призна дека со излезот на Велика Британија од Унијата, таа губи силен и важен играч.

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он

Објавени се првите излезни анкети од изборите во Германија – Демохристијаните се во водство

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он