Меркел e воздржан оптимист за 2013 година, пред се, заради забавување на растот во Германија

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел 2013 година ја очекува со оптимизам, но воздржан, заради забавување на економскиот раст во Германија, изјави таа во своето неделно видео обраќање, што денеска беше емитувано, пренесоа светските агенции.

-Поради овие причина ние треба да ја гарантираме сигурноста на компаниите и на вработените, дополни Меркел, посочувајќи ја како пример одлуката на владата да го зацврсти механизмот за делумна невработеност, како што направи во текот на разгорувањето на кризата во 2009 година.

Државата една година, место шест месеци како што е во нормални ситуации, ќе го преземе исплаќањето (меѓу 60 до 67 отсто од нето платата) на вработените, кои привремено останале без работа поради недоволната ангажираност во компанијата каде се вработени.

Меркел, освен тоа, даде отчет за 2012 година, во која доминираше спасувањето на еврозоната. Тоа, според неа, мина добро, иако се уште „има пат што треба да се измине“.

Германската економија продолжува да се држи стабилно, додека еврозоната е во рецесија, но зголемувањето на бруто внатрешниот производ го забавува своето темпо од тримесечје до тримесечје.

Земјата покажа економски раст од едвај 0,2 отсто во третото тримесечје по плус 0,3 отсто во второто и плус 0,5 отсто во првото.

Според Бундесбанк, најголемата европска економија привремено го забавува темпото, што може да ја одведе до кратка рецесија, заележуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски