Меркел: Да престанеме со споровите и да се фатиме со решавање на проблемите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е време коалициската Влада да престане да влегува во внатрешни спорови и наместо тоа да се зафати со решавање на „проблемите на луѓето“.

– Бев премногу фокусирана на функционалноста и процесите во Министерството за внатрешни работи, а недоволно на работите за кои луѓето се загрижени, изјави Меркел. – Сега е важно да ги решиме проблемите на луѓето, додаде таа.

Изјавата на Меркел следи откако лидерите на партии во владината коалиција го решија прашањето за иднината на шефот на германската внатрешна разузнавачка служба.

По неколкудневниот спор, кој се закануваше да доведе до распад на коалицијата на Меркел, лидерите на владејачките партии се согласија да не го отвораат скандалот во кој е вмешан досегашниот директор на разузнувачката служба. Ханс-Георг Масен.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зихофер изјави дека Масен ќе биде именуван за специјален советник во Министерството за внатрешни работи, без зголемување на неговата плата.

Минатата недела партиите од владината коалиција се договорија Масен ќе биде разрешен од функцијата раководител на Федералната служба за заштита на уставноста, откако беше обвинет дека поддржува екстремнодесничарски ставови.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите