„Мерк“ ќе помогне во производството на вакцината Џонсон и Џонсон

Од:

Компанијата „Марк“ ќе и помогне на ривалската компанија „Џонсон и Џонсон“ во производство на вакцина против Ковид-19, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на висок претставник од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Се очекува Бајден тоа да го објави подоцна денеска.

Американската фармацевтска компанија „Мерк“ во јануари го прекина развојот на своите вакцини и наместо тоа се фокусира на два лека против коронавирусот.

Компанијата минатиот месец објави дека преговара со влади и други компании за да помогне во производството на одобрените вакцини.

Фармацевтскиот гигант ќе ја произведува вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во своите две фабрики, пишува весникот.

– „Мерк“ останува посветен на придонесот во глобалниот одговор на пандемијата, објави компанијата.

Би можело да ве интересира

Џонсон и Џонсон го паузира производството на својата вакцина против Ковид-19

А1он

„Џонсон и Џонсон“ оваа година очекува до 3,5 милијарди долари заработка од продажба на вакцини

А1он

ЦДЦ ги препорачува вакцините на Модерна и Фајзер наместо Џонсон и Џонсон

Ана Ололовска

ЕМА: Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата

Ана Ололовска

ФДА одобри засилувачки дози од вакцините на Модерна и Џонсон и Џонсон

Ана Ололовска

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ има многу мала ефиканост против делта-сојот