Првите официјални слики од новата компактна купе-лимузина на Mercedes, моделот CLA.
До почетокот на автомобилскиот саем во Детроит остануваат уште три недели, а доколку се остварат најавите дека Mercedes CLA ќе ја има светската премиера токму на овој настан
Дизајнот на новата купе-лимузина на Mercedes претставува комбинација од концептот CSC (Concept Style Coupe), кој беше претставен во април 2012 на автомобилскиот саем во Пекинг и новата А класа.
На стартот, Mercedes ќе понуди три бензински и една дизeл верзија. Mercedes CLA 180 ќе има 122 КС, CLA 220 ќе располага со 156 КС, a најмоќниот бензинец CLA 250 ќе има агрегат со моќност од 211 КС. Дизел верзијата CLA 220 CDI ќе развива 170 КС.
Во септември 2013 година се очекува и најмоќната CLA 45 AMG верзија за која се шпекулира дека ќе развива 350 КС.