Мерц: Средба Путин-Зеленски во следните две недели

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекувањата од средбата во Вашингтон не само што се исполнети, туку и надминати, и дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели.

Средбата, за која Путин се согласи за време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе се одржи на сè уште неопределена локација, изјави Мерц за новинарите.

„Американскиот претседател разговараше со рускиот претседател по телефон и се согласи дека рускиот и украинскиот претседател ќе се сретнат во следните две недели“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Зеленски откри дека Америка им дала рок на Украина и Русија да постигнат договор за прекин на војната

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во својата последна фаза

Москва: Путин ви порача заврши „балот на вампирите“

Горан Наумовски

Судот во Полска осуди руски агент кој сакаше да го убие Зеленски

Путин се споменува повеќе 1000 пати во документите за Епстин

Катерина Ѓуровски