Мерц: Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин сериозно да го сфати она што го слуша пред средбата со Доналд Трамп во петок.

„Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп за разговори и да започне преговори со Украина без предуслови по средбата во Алјаска“, рече Фридрих Мерц.

Канцеларот во изјава рече дека Русија, три и пол години по нелегалниот напад врз Украина, има можност да се согласи на прекин на огнот и да ја заврши војната.

Трамп може да постигне значителен напредок кон мирот во Анкориџ, рече Мерц, потсетувајќи дека Европа инсистира на учество на Украина во преговорите. „Прекин мора да се договори на следниот состанок“.

Секој договор за размена на територија за мир мора да добие и согласност од Украинците, повтори германскиот лидер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: „Сакаме овој конфликт да заврши што е можно поскоро“

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемија

Путин му порача на Иран: Русија е со вас