Мерц: Посетата кај Трамп не помина како што сакаше Зеленски

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на американскиот претседател Доналд Трамп покажала колку европска помош ѝ е потребна на Украина.

Тој рече дека во петокот вечерта разговарал со Зеленски долго по телефон.

„Посетата не беше она што го сакаше Зеленски. Мислам дека можам да го кажам тоа и тука“, додаде тој за време на граѓанскиот дијалог во Мешеде.

„Европа мора да помогне уште повеќе бидејќи војната може да заврши само ако Украина е воено силна“, рече тој, додавајќи дека ќе работи на поддршка на Украина „финансиски, политички и, се разбира, воено“.

„Капитулацијата на Украина не е опција, бидејќи Русија потоа би ја нападнала следната европска земја“, заклучи тој, според германската n.tv.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

Зеленски: Европа мора да учествува во одлуките за завршување на војната

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски