Мерц, Макрон и Стармер го поддржуваат Трамп во неговите напори за ставање крај на војната во Украина

Од:

Лидерите на Велика Британија, Франција и Германија изразија поддршка за напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина по конференцијата на „коалицијата на добронамерните“ денес. Тие нагласија дека секое решение мора целосно да ја вклучи Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц изјавија дека зазеле јасен став „за принципот дека границите не смеат да се менуваат со сила“, пренесува Ројтерс.

„Ова останува еден од основните принципи за зачувување на стабилноста и мирот во Европа и пошироко“, рекоа тројцата лидери во заедничка изјава.

Порано денес се одржа видеоконференција на „коалицијата на добронамерните“, на која, покрај Макрон, Стармер и Мерц, учествуваа и американскиот државен секретар Марко Рубио, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други европски лидери.

Зеленски рече дека Киев е подготвен да го прифати мировниот договор презентиран од Соединетите Американски Држави и дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп за чувствителните точки од планот. Макрон и Стармер изразија подготвеност да подготват финансиска помош за Украина од замрзнатите руски средства.

По конференцијата, фон дер Лајен изјави дека се дискутирале тековните преговори за праведен и траен мир за Украина и го поздрави учеството на американскиот државен секретар Марко Рубио на конференцијата.

„Во последните неколку дена и часови видовме солиден и охрабрувачки напредок. Ни треба силна трансатлантска соработка. Бидејќи таа дава резултати“, рече фон дер Лајен, наведувајќи ги како пример координираните бранови санкции врз руската економија.

Би можело да ве интересира

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Дмитриев ги повикува вонземјаните да го убедат Стармер да поднесе оставка

Макрон: Русија се соочува со пораз

А1он

АфД го обвинува Мерц за предавство на германските интереси

Горан Наумовски

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Мерц: ЕУ мора да покаже подготвеност за проширување