Менг под истрага во Кина, соопшти кинеската влада

Од:

Досегашниот претседател на Интерпол, Менг Хонгвеј е под истрага во Кина, каде што е обвинет за примање мито и други кривични дела, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на кинеската Влада.

– Менг по сопствена волја си направи проблем, се наведува во соопштението.

Интерпол официјално побара информации од официјална Кина за Менг, кој исчезна откако дошол во земјата на посета.

Претходно Интерпол соошти дека високиот кинески официјален претставник Менг Хонгвеј, чие исчезнување го пријави неговата сопруга пред десет дена, поднел оставка од функцијата претседател во пресрет на заминувањето за Кина.

Интерпол не ја појасни причината за неговата оставка, но соопшти дека таа веднаш стапила во сила.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста претседател на Интерпол ќе биде потпретседателот на Извршниот комитет на Интерпол, Ким Џонг Јанг од Јужна Кореја.

Дисциплинскиот орган на Комунистичката партија на Кина соопшти дека Менг Хонгвеј е под истрага поради сомнежи дека „прекршил закони“.

Хонгвеј, кој е заменик кинески министер за јавна безбедност, е „осомничен за кршење закони и во моментот е под истрага и надзор“ на новото кинеско тело за борба против корупција, Националната надзорна комисија.

Тоа соопштение службата на Комунистичката партија надлежна за борба со корупција и политичка нелојалност го објави синоќа на својот сајт.

Истовремено, сопругата на Менг, Грејс Менг изјави дека нејзиниот сопругот пред да исчезне за време на патување кон Кина и испратил фотографија на нож.

Таа вчера во Лион изјави дека верува оти тој се обидел со тоа да и каже дека е во опасност. Пораката и била пратена на 25 септември и таа оттогаш немала контакт со него.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио