Мелони: Трамп не е наш непријател

Од:

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони пред сесијата на Европскиот совет што почнува утре повика на прагматичен пристап на Европската унија кон администрацијата на Доналд Трамп и посилна улога на ЕУ во НАТО, која би била еднаква на американската.

Мелони ја истакна важноста на „прагматичен, конструктивен и отворен пристап“ кон САД.

Таа предложи да се користат областите на соработка меѓу ЕУ и САД додека се работи на спречување трговски спорови кои „ќе им наштетат на двете страни“.

Мелони го отфрли етикетирањето на новоизбраниот американски претседател како „непријател“.

„Доколку постои загриженост за протекционистичката економска политика, на која дефинитивно мора да работиме за да ја избегнеме, не верувам дека започнувањето на дијалог со дефинирање некого како непријател ќе помогне да се постигне тоа“, рече Мелони.

Кога станува збор за европската одбрана, Мелони смета дека има потреба од посилна и поавтономна Европа во рамките на НАТО.

Мелони додаде дека Европа треба да има за цел да создаде европски столб во рамките на НАТО што ќе биде „еднаков по тежина и достоинство“ со американскиот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп

Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Сијарто: Само Трамп може да донесе мир во Украина

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела