Мелони: „Претседателе Трамп, фокусирај се на себе“

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на новата објава на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој ги повтори тврдењата дека таа го замолила да се фотографира со неа на самитот на Г7.

Во одговор објавен на Инстаграм, Мелони рече дека не сака повторно да се враќа на темата.

„Претседателе Трамп, овие постојани и неиспровоцирани напади се сосема бесмислени. Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум ваш пријател сигурно не помогна, ниту пак зависи од мојот однос со вас. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам италијанските национални интереси, а тоа е она што отсекогаш сум го правела“, рече Мелони.

Таа истакна дека го сторила тоа и кога им забранила на американските борбени авиони да слетуваат на бази на италијанска територија.

„Нивната употреба е регулирана со договори што отсекогаш сме ги почитувале и кои не можат да бидат прекршени додека сум премиер. Италија останува суверена држава. Во секој случај, мојата популарност не треба да ве интересира. Ви предлагам да се фокусирате на вашата“, заклучи италијанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик