Мелони: Народот на Венецуела добива надеж со заминувањето на Мадуро

Од:

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони разговараше телефонски со лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, а главна тема беше политичката иднина на Венецуела.

Мелони и Мачадо се согласија дека заминувањето на сегашниот претседател Николас Мадуро отвора перспективи за мирна и демократска транзиција во земјата.

Канцеларијата на премиерот Мелони, исто така, го коментираше разговорот.

– За време на телефонскиот разговор, беше договорено дека заминувањето на Мадуро отвора ново поглавје надеж за народот на Венецуела, кој повторно ќе може да ужива во основните принципи на демократијата и владеењето на правото, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трамп: Куба наскоро ќе се распадне, повеќе не добива нафта од Венецуела

„Доста со наредбите од Вашингтон“: венецуелската лидерка со жесток говор се нафли на Белата куќа

„Пријателството бара почит“ – Мелони го нападна Трамп

А1он

„Кориере дела Сера“: Мелони се мисли дали да биде дел од Советот за мир на Трамп

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме да се бориме