Меланија Трамп во ОН: Лидери здружете се за благосостојба на децата

Од:

Првата дама на САД, Меланија Трамп во денешното прво обраќање во Обединети нации, упати апел до светските лидери да се здружат за благосостојба на децата.

Таа посочи дека децата го следат примерот на возрасните лица и им порача на сопругите на светските лидери дека „мора да учат една од друга за вредностите на емпатија и комуникација, кои се срж на љубезноста, внимателност, интегритет и лидерство“.

– Мораме да се здружиме за благосостојбата на нашите деца. Мораме да имаме на ум дека децата гледаат и слушаат, така што никогаш не смееме да ја пропуштиме можноста да ги научиме на голем број етички лекции, посочи Меланија Трамп во Мисијата на САД во ОН.

На свечениот ручек во Мисијата на САД во ОН, помеѓу другите на масата со Меланија Трамп седеа сопругите на францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, канадскиот премиер Џастин Трудо и финскиот претседател Саули Нинста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута