Меланија Трамп: Треба да се преброи секој легален глас

Од:

Се уште актуелната американска прва дама, Меланија Трамп, откако од вчера веќе е јасно дека нејзиниот сопруг Доналд Трамп ги загуби изборите, денеска за првпат се изјасни за резултатот од изборите, повторувајќи го ставот на нејзиниот сопруг дека треба да се пребори секој легално даден глас.

„Американскиот народ заслужува фер избори. Секој легитимен глас, а не нелегален, треба да се смета. Ние мора да ја заштитиме нашата демократија со целосна транспарентност”, напиша таа на Твитер.

Американската телевизија Си-Ен-Ен, претходно, повикувајќи се на неименуван и добро информиран извор, јави дека таа приватно му кажала на сопругот дека треба да го прифати поразот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута