Меланија Трамп одби да се сретне со сопругата на Зеленски

Од:

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, одби официјално да се сретне со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк.

Според Марко Бекман, висок советник на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп ќе ја поздрави Зеленска од учтивост, но без формална средба.

„Зеленска неколку пати ја контактираше Меланија за да договори средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Бидејќи нашата прва дама е многу љубезна, таа ќе ја повика денес и ќе ја поздрави. Но, нема да има суштински разговор, нема средба“, рече Бекман.

Одлуката на Меланија Трамп се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во чувствителен момент за односите меѓу САД и Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Критиката го разнесе документарецот на Меланија: Два часа чист пекол

Меланија Трамп испрати важна порака: „Мора да се обединиме“

Меланија Трамп објави „лансирање“ на своја филмска продукциска компанија

Меланија: Имам отворен канал за комуникација со Путин

А1он

Моден двобој: Меланија ја покажа својата моќ со голи рамена и со шлиц, Кејт Мидлтон воодушеви со свила и чипка

А1он

Шеширот и облеката на Меланија во Британија привлекоа внимание