Меланија Трамп ја одби поканата за во Белата куќа

Од:

Идната американската прва дама Меланија Трамп нема да му се придружи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на денешната средба во Белата куќа, прв чекор во мирна транзиција на власта, пишуваат американските медиуми.

Меланија Трамп нема да присуствува на средбата меѓу нејзиниот сопруг и претседателот Џо Бајден, објави нејзиниот кабинет на социјалните мрежи.

„Таа го охрабрува нејзиниот сопруг да се врати во Овалната соба за да го започне процесот на транзиција и му посакува успех“, соопшти кабинетот на Меланија Трамп.

Вековен обичај е првата дама да прими чај со својот наследник. Во 2016 година, Мишел Обама организираше чајна забава со Меланија Трамп и ја прошета низ Белата куќа.

Семејството Трамп не беше домаќин на семејството Бајден во Белата куќа откако Џо Бајден победи на изборите во 2020 година, ниту ја чекаа неговата инаугурација бидејќи Трамп тврдеше дека изборите биле украдени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута