Мексико воведува индекс на среќа како алтернатива на БДП

Од:

Мексико ќе воведе индекс на среќа како алтернатива на бруто домашниот производ (БДП) за кој смета дека не е добар показател за благосостојбата на граѓаните, соопшти претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Индикаторот заеднички ќе го развиваат економисти, математичари, социолози, психолози и други експерти, а ќе се користи за мерење не само на економскиот раст, туку и на нивото на нееднаквост и „среќа на населението“, рече мексиканскиот претседател, избран од редовите на левицата, пренесува германската агенција ДПА.

– На технократите тоа нема да им се допадне,, но за нас би можело да биде добро, и секако нешто ново, објасни Лопез Обрадор на дневната конференција за новинари.

Меѓународниот монетарен фонд очекува мексиканската економија да се намали за 6,6 проценти оваа година, по стагнацијата во 2019 година.

Втората економија во Латинска Америка, со речиси 130 милиони жители, бележи многу високо ниво на нееднаквост, а повеќе од 50 милиони граѓани се класифицирани како сиромашни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел