Мексико Сити ќе го тргне споменикот на Гајдар Алиев од Градскиот парк

Од:

Градоначалникот на Мексико Сити, Мигуел Анхел Макера соопшти, дека градските власти одлучиле да се тргне споменикот на поранешниот лидер на Азербејџан, Гајдар Алиев од градскиот парк.

Ваквата одлука е донесена по долготрајниот и силен притисок на активистите од разни организации за човекови права кои агитираа за демонтирање на споменикот на Алиев, обвинувајќи го за „авторатитивно и репресивно“ владеење.

Големиот споменик на Алиев, што е лоциран во паркот, покрај една од главните авении во мексиканскиот главен град, е изграден со азербејџански пари, откако Владата на Азербејџан плати за реконструкцијата и обновата на паркот.

Оваа поранешна советска република, има вложено досега четири милијарди долари во економијата на Мексико Сити, што е далеку најмногу во споредба со уделот на сите други земји. Поранешните градски власти се противат на тргањето на споменикот, предупредувајќи дека тоа ќе го налути Азербејџан.

Претставник на амбасадата на оваа земја, веќе предупреди дека азербејџанската Влада би можела да прекине со вложувања во економија на мексиканскиот главен град.

Азербејџан е земја богата со нафта, но таа е често критикувана поради нејзините постигнувања во секторот на човековите права и демократските слободи.

Споменикот во Мексико Сити го прикажува Гајдар Алиев, поранешен комунистички раководител на Азербејџан, кога земјата беше дел од некоашниот Советски Сојуз, како голем политичар и државник. Од 2003 година, со земјата управува неговиот син.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви