Мексико: Пресметка на полицијата и наркокартелите

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, во Мексико во пресметката на наркокартели со полицијата. Во последните четири месеци бројот на убиствата во врска со дрогата се намали за 14 проценти, во однос на истиот период минатата година.

Покраината Микоакан, на запад на Мексико каде што се случи инцидентот, со години е место на насилство.

Според федералната полиција до вооружената пресметка дошло кога полицијата со хеликоптер забележала вооружени луѓе кои се возат низ градот Габријел Замора, во четири автомобила.

Вооружените луѓе ги нападнале полициските службеници, кои им возвратиле и убиле 5 напаѓачи. Уште осум лица загинале, а 8 се ранети, вклучувајќи и двајца полицајци.

Во текот на првите четири месеци од мандатот на новиот претседател на Мексико Енрике Пене Нијта убиени се 4.249 луѓе, додека истиот период минатата година, кога на власт беше Фелипе Калдерон беа убиени 4.934.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви