Мексико: Ослободени 165 киднапирани

Од:

Војската на Мексико ослободи 165 лица кои што беа киднапирани од нарко картел и три недели беа затворени во една куќа во близина на границата со САД.

Портпаролот на националната безбедност на Мексико Едуардо Санчес соопшти дека 150 лица од киднапираните биле емигранти кои од Централна Америка се упатиле кон САД, пренесе „Асошиејтед прес“.

Меѓу киднапираните имало и 14 мексикански и еден индиски државјанин.

Санчес соопшти дека војската ги спасила во местото Густаво Диас Ордас, во близина на границата со Тексас, но не прецизираше кој нарко картел е осомничен за грабнувањето.

Сетас е инаку картелот кој стои зад најголемиот број киднапирања долж мексиканско-американската граница.

Овој картел во 2010 година е обвинет за убиство на 72 имигранти во северно Мексико.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви