Мексико му нуди политички азил на Асанж

Од:

Мексико е подготвено да му понуди политички азил на Џулијан Асанж и со тоа да ја поддржи одлуката на британскиот суд да ја одбие екстрадицијата на основачот на Викиликс во САД, изјави претседателот на Мексико, Мануел Лопез Обрадор.

– Асанж е новинар и заслужува шанса. Јас се залагам за неговото помилување, рече Обрадор. Тој додаде дека Мексико ќе му пружи заштита, доколку британските власти се согласат тој да биде ослободен и префрлен во земјата.

Британската судијка Ванеса Бараитсер претходно денеска соопшти дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (49) нема да биде екстрадиран во САД по обвинението за шпионажа , објаснувајќи дека тоа би била репресивна мерка поради неговата психичка состојба. Таа рече дека Асанж најверојатно би извршил самоубиство доколку биде испратен во САД.

Американската администрација соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Обвинителството во САД го обвини Асанж по 17 точки, како и една дека ја злоупотребил употребата на компјутерите околу објавите на Викиликс на воени и дипломатски документи пред една деценија.

Обвиненијата против него би можеле да му донесат и потенцијална затворска казна од 175 години.

Адвокатите на Асанж застанаа во негова одбрана со аргументи дека тој се однесувал како новинар и се повикал на Првиот амандман, кој особено ја нагласува слободата на говорот, за објавување документи што ги откриваат наводните незаконски дејствија на американската армија во Ирак и Авганистан.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба