Мексико ја одобри за итна употреба индиската вакцина Коваксин

Од:

Мексико ја одобри за итна употреба на вакцината против Ковид-19, развиена од индиската фармацевтска фирма Барат Биотек, соопшти министерот за надворешни работи Марсело Ебрард.

Со дозволата за „Коваксин“, Мексико сега има одобрено шест вакцини против Ковид-19, рече Ебрард, пренесува ДПА.

Вакцините развиени од Астра Зенека, Фајзер, руската Спутник В и кинеските вакцини „КанСино“ и „Синовак“, претходно добија одобрение од Мексиканската федерална комисија за заштита од санитарни ризици (Кофеприс).

„Многу навремена одлука на Кофеприс да одобри итна употреба на вакцината Коваксин, произведена во Индија. Опциите за вакцинација против Ковид-19 во Мексико се проширени“, напиша Ебрард на Твитер.

Барат Биотек претходно соопшти дека вакцината покажала ефикасност од 81 процент во спречување на Ковид-19 „по втората доза кај оние кои немале претходна инфекција“, повикувајќи се на привремена анализа од три-фазно испитување.

Мексико беше првата земја во Латинска Америка што ја почна вакцинацијата уште на Божиќ. Но, досега, само 1,3 милиони луѓе се целосно вакцинирани од околу 127 милиони жители.

Во меѓувреме, резервите на вакцини во земјата се спуштија на ниско ниво. Владата ги обвини богатите земји за складирање на вакцината.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски