Мексико им објави војна на детските пиштоли

Од:

Во рамки на борбата против организираниот криминал во Мексико Сити полицијата ги запленила сите пластични играчки кои имаат облик на вистинско оружје.

Гувернерот на Мексико Сити Мигуел Ангел Манцера изјави дека во главниот град од 10 вооружени напади во продавници, три се извршени со помош на оружје-играчка.

Во главниот град на Мексико и во другите покраини ширум земјата полицијата ги конфискувала сите пластични играчки од продавниците кои потсетуваат на вистинско оружје.

Експертите истакнуваат дека употребата на лиценцирано оружје во Мексико е целосно забранета, освен во некои ретки случаи.

Според официјални податоци, во Мексико Сити минатата година се регистрирани 82.000 кражби и над 1.300 убиства.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви