Мексико го тужи Google за промената на името на Мексиканскиот залив

Од:

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот залив во Американскиот залив на неговата услуга „Карти“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум.

Претседателката ова го соопшти за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Google сè уште не го коментирал случајот.

Во февруари, Гугл го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив за американските корисници на неговата услуга Мапи, откако американската влада еднострано ја преименуваше водена површина. Корисниците надвор од САД ги гледаат двете имиња.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди преименување на заливот на јужниот брег на САД и на источниот брег на Мексико во чест на американската величина веднаш по преземањето на функцијата. Сегашното име на заливот на јужниот брег на САД се користи од 16 век.

Американските држави Тексас, Луизијана, Мисисипи, Алабама и Флорида, како и Мексико и Куба имаат пристап до заливот. Според наредбата на Трамп, промената на името се однесува на подрачјето до поморските граници на Мексико и Куба.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Нови 300.000 евра за промоција на Македонија на Гугл

Ана Ололовска